свет

Хезболах: „Цела територија на Израел е во домет на нашите ракети“

Изјавите на Наим Касим, заменикот-генерален секретар на Хезболах во Либан, беа првата реакција на Хезболах на израелските тврдења за ископани тунели на границата со Израел

Ekipa  | 09.12.2018 - Обновена : 10.12.2018
Хезболах: „Цела територија на Израел е во домет на нашите ракети“

Beyrut

БЕЈРУТ/ЕРУСАЛИМ (АА) - Ниедно место во Израел не е надвор од дометот на ракетите на либанскиот Хезболах, изјави денес заменикот-генерален секретар на Хезболах во Либан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Изјавите на Наим Касим во интервју за иранскиот весник „Ал-Вефаг“ беа првата реакција на Хезболах на израелските тврдења дека Хезболах ископал тунели на границата со Израел.

Претходно овој месец, израелската Армија започна воена операција под називот „Северен штит“, која требаше да го попречи копањето на наводните тунели за влез на израелска територија.

Доцна синоќа, портпаролот на Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ), Андреа Тененти, истакна дека израелската Армија го информирала за уште еден граничен тунел.

Во интервју за весникот, Касим нагласува дека Израел не може да преземе воена акција против Либан, бидејќи од 2006 година Израел не дејствува поради, како што наведува, способностите на исламскиот отпор во Либан.

„Внатрешноста на Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, е на домет на ракетите на Хезболах“, рече тој.

„Правилата за ангажирање и одвраќање создадени од Хезболах во Либан во голема мера ја усложнија идејата за започнување војна на Израел во Либан", рече тој.

- Нетанјаху: „Нема интерес за судири на палестинскиот фронт“ -

Денес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со нови обвиненија за корупција, изјави дека операцијата на израелската Армија против тунелите е на својот почеток.

„Ќе продолжиме да дејствуваме до завршување на операцијата“, додаде тој.

Нетанјаху, исто така, нагласи дека не е заинтересиран за судири на границата со Појасот Газа или на Западниот Брег поради операцијата „Северен штит“ на либанско-израелската граница.

„Немаме интерес за искри на палестинскиот фронт“, пренесува израелскиот весник „Једиот Ахаронот“ (Yediot Aharonot), цитирајќи ја изјавата на Нетанјаху. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın