Nilay Kar
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ЕРЕВАН (АА) - Блокот на ерменскиот вршител на должноста премиер, Никол Пашинијан, победи на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, соопшти Изборната комисија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Алијансата Мој чекор, која ја вклучува Партијата за граѓански договор на Пашинијан, освои 70,4 отсто од гласовите“, објави Комисијата на својата веб-страница.
Две опозициски партии, Просперитетна Ерменија и Светла Ерменија, исто така го поминаа прагот од 5 отсто за влез во Парламентот, кој брои 101 пратеничко место.
Според резултатите, Просперитетна Ерменија, предводена од тајкунот Гагик Царукијан, освои 8,2 отсто од гласовите, додека Светла Ерменија освои 6,3 отсто од гласовите.
Право на глас имаа речиси 2,5 милиони гласачи, а на изборите излегоа 48,6 отсто, што претставува еден од најниските проценти на излезност на гласачите во поновата историја на земјата.
До предвремени парламентарни избори во Ерменија дојде поради политичката криза која ескалираше во април годинава, кога лидерот на антивладините протести и лидер на опозицијата, Никол Пашинијан, ја презеде функцијата премиер, а поради распишувањето на избори поднесе оставка во октомври.
Аналитичарите предвидуваат дека новата влада ќе ја води поранешниот новинар и притворан борец против корупцијата во Ерменија, Пашинијан.