Aydoğan Kalabalık
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ТРИПОЛИ
Милицијата при лидерот на иелгалните вооружени сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, на првиот ден на месецот на постот рамазан изврши ракетен напад во либискиот главен град Триполи, при што смртно настрадаа 3 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Емин ел-Хашими, државен секретар во Министерството за здравство на Владата на националнот единство на Либија (УМХ) која е признаена од страна на Обединетите нации (ОН), во изјава за АА истакна дека милицијата при Хафтар извршила ракетен напад во подрачјето на Ајн Зара во Триполи.
Хешими информира дека како резултат на ракетите кои паднале во цивилни населени места, животот го загубиле три цивили, а три цивили се повредени.
Десетици цивили загинаа меѓу кои деца и жени, додека стотици цивили се повредени, како последица на ракетите лансирани особено во јужните населби на Триполи почнувајќи од јануари од страна на милицијата на Хафтар.