Hamdi Yıldız
07 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
ГАЗА
Движењето на исламски отпор во Газа, „Хамас“, соопшти дека рушењето на селото Хамиса Бедеви во источното рурално подрачје на градот Тубас кој се наоѓа во окупираниот Западен Брег, од страна на Израел е етничко чистење, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Хамас, Хазим Касим, ова го истакна во изјава за новинарот на АА.
„Рушењето на селото од страна на Израел е етничко чистење кое се спроведува врз палестинскиот народ од страна на ционистичките институции“, рече Касим.
„Ова е прекршување на меѓународните правила и на сите обичаи“, нагласи тој, додавајќи дека тоа што меѓународниот пририсок е слаб, ги охрабрува окупаторските сили да продолжат со оваа политика.
Касим истакна дека против ваквите политики е потребен вистински отпор против ширењето на окупацијата.
Инаку, израелските војници минатиот вторник извршија рација во едно село во источното рурално подрачје на градот Тубас, при што срушија 11 куќи, а како резултат на тоа 85 лица останаа без покрив над глава.