Michael Gabriel Hernandez
07 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Поранешниот американски потпретседател и кандидат на Демократскат партија, Џо Бајден, изјави дека се укажува дека е на вистинскиот пат да оствари изборна победа и да го смени републиканскиот ривал Доналд Трамп во Белата куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројките ни говорат јасна и уверлива приказна, ќе победиме во оваа трка. Гласовите на нашата сметка и понатаму растат. Водиме против Трамп за повеќе од четири милиони гласови, а таа предност и понатаму расте", рече Бајден.
Според неофицијалните резултати на агенцијата Асошиејтед Прес (АП) , Бајден моментално води во изборната трка со освоени 264 гласа од електорите, додека Трамп има освоено 214 електорски гласа.
Бајден води во три држави во кои се уште се бројат гласачките ливчиња и победата во било која од тие три држави би му обезбедила победа на претседателските избори.
Сојузните држави кои ќе ги одлучат американските избори се Пенсилванија, Џорџија и Невада, но Трамп и понатаму има теоретски шанси да победи во тие држави и да обезбеди уште еден мандат во Белата куќа.