Halime Afra Aksoy
03 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
ГАЗА
Хамас соопшти дека со бомбардирање на Појасот Газа кој е под блокада, Израел има за цел да го одвлече вниманието од внатрешната криза и истата да ја пренесе надвор од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на Хамас, нападите на Израел врз позициите на силите на отпорот на Газа ги опишува како „порака за агресија и ескалација на тензиите“.
„Израел има за цел внатрешната криза што ја доживува, да ја пренесе врз граѓаните на Газа. Израел, исто така, има за цел да го одвлече вниманието, од кризата во домашната политика и се повеќе влошените политички услови“, се истакнува во соопштението на Хамас.
Исто така во изјавата, се посочува дека палестинскиот отпор е свесен за плановите и мислите на окупаторските сили и дека нема да се дозволи Израел својата внатрешнополитичка криза да ја пренесе во Газа.
Израелски борбени авиони синоќа извршија воздушен напад на едно земјоделско подрачје јужно од Газа.
Во Израел извесен период се одржуваат демонстрации на кои се бара оставка на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради корупција и неуспехот во борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).