Ahmet Dursun
03 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
АНКАРА
Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 17.405, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 215 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 17.405.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.598 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 312.035.
Според Лари, 4.104 од вкупниот број на заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата оздравеа 270.228 лица.
Лари нагласи дека во Иран досега се направени 2.534.658 тестирања за Ковид-19.