Furkan Abdula
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 74 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи позитивни овој вирус во земјата се искачи на 11.128, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 500.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 90 оздравени пациенти од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на оздравени од вирусот на 6.972.
Во моментот активни се 3.656 случаи заразени со коронавирусот.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 106.047 тестирања за Ковид-19.