Nur Asena Ertürk
07 Декември 2022•Ажурирај: 08 Декември 2022
АНКАРА (АА) – Француските здравствени власти регистрираа пораст на бактериските инфекции со стрептококи од Групата А, и предупредија на значењето на следењето на контактите и на социјалното дистанцирање во рамките на заедницата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во предупредувањето испратено до здравствените работници, Француската здравствена дирекција истакнува дека зголемените инфекции во последните 15 дена низ различни региони довеле до хоспитализација на најмалку осум деца, од кои две починале. Пријавени се и три случаи кај возрасни лица, од кои едно починало.
Француската здравствена дирекција соопшти дека случаите не се „поврзани едни со други“ и „веројатно се предизвикани од различни низи на преносители“.
Истакната е и важноста од примена на антибиотици и следење на симптомите за рана дијагноза и лекување.
Инфекцијата се шири и во Велика Британија, каде што починале девет деца како резултат на ретката инфекција.
Стрептококи од Групата А (ГАС) или стрептококи А се вид бактерии кои често се наоѓаат во грлото и на кожата. Може да се пренесат преку кашлање и кивање, како и преку контакт на кожа со кожа.