Ömer Aydın
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Истражувањето на јавното мислење извршено во Франција покажува дека 74 отсто од граѓаните сметаат дека претседателот на таа земја, Емануел Макрон, следи неправедна политика, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Radio Europe 1“ извести за резултатите од истражувањето на француската Агенција за стратешки истражувања и испитување на јавното мислење „Елабе“.
Резултатите покажуваат дека Французите сè помалку му веруваат на Макрон и неговиот кабинет и дека 77 отсто од граѓаните сметаат дека политиките што властите ги следат се причина за поделба.
Истражувањето покажува дека само 35 отсто од Французите го поддржуваат планот за економски мерки и реформи, кои во последно време се причина за голем број штрајкови и демонстрации во Франција.
Низата реформи на Макрон во финансискиот, општествениот и администрациски сектор, предизвикаа реакции кај многу Французи кои одлучија своето незадоволство да го изразат со штрајк.
Денес во речиси сите градови во Франција се одржани демонстрации што ги поддржаа илјадници граѓани.
Штрајковите и демонстрациите во земјата во голем број сектори предизвикаа и отежнато функционирање на училиштата, болниците, судските органи и институциите при градските и локалните управи.