Alaattin Doğru
18 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
ПАРИЗ (АА) - Мишел-Анџе Флори е казнет со парична казна од 10.000 евра за плакат на кој претседателот на Франција е прикажан како нацистичкиот водач Адолф Хитлер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Макрон го тужеше 62-годишниот Флори, а судот во Тулон го прогласи за виновен за намерно навредување на претседателот и му изрече парична казна.
Одбраната најави започнување жалбена постапка, а Флори порача дека Макрон е брз во одбрана на слободата на говорот сè додека него лично не го досега.
„Сите пишуваа по ѕидовите, а јас само го ставив тоа на пано. Карикатурата е стара форма на изразување“, напиша Флори на социјалните мрежи.
Флори на 19 јули на рекламни паноа во Тулон и Сејн-сур-Мер постави постери на кои Макрон е прикажан како Хитлер, и тоа откако Макрон воведе одредба за задолжителна вакцинација против Ковид-19 во голем број професии во Франција.