Alaattin Doğru
10 Декември 2021•Ажурирај: 12 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Министерката за култура на Франција, Розелин Бачелот, во изјава за БФМТВ (BFMTV) рече дека ќе ги отворат архивите поврзани со судските истраги на полицијата и жандармеријата во војната во Алжир 1954 - 1962 година, 15 години пред наведениот датум, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бачелот, наведувајќи дека се прават манипулации со историските факти, рече дека дошле до ваква одлука за да ги спречат фалсификувањата и да се соочат со ова прашање.
Запрашана за можноста, одлуката за отворање на архивите да резултира со тоа дека Француската армија извршила тортура во Алжир, француската министерка рече дека би било во интерес на Франција да го прифати тоа.
Претседателот Емануел Макрон, во изјавата што ја даде во март вети дека ќе го отвори патот за пристап до тајните архиви стари над 50 години поврзани со Алжирската војна за независност.
Од друга страна, забележливо е тоа што изјавите на министерката за култура се дадени два дена по официјалната посета на министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, на Алжир.
Односите меѓу двете земји беа затегнати откако Макрон истакна дека историјата на Алжир не е фактичка и дека е изградена на непријателство кон Франција. Макрон, исто така, отоманската доминација во земјата ја опиша како „колонијализам“.
Официјалните лица и цивилните здруженија силно реагираа на изјавите на Макрон.