Yusuf Özcan
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Франција донесена е одлука според која до 2020 година ќе се затвори најстарата нуклеарна централа во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката објавена во францускиот службен весник, кога новата генерација електроцентрали ќе започне со работа во април 2020 година во Фламанвил, во потполност ќе биде затворена најстарата нуклеарна централа во Фесенхеим, која работи од 1978 година.
„Одлуката за затворање на нуклеарната централа во Фесенхеим е потпишан, и утрово беше објавен во службен весник“, истакна министерката за животна средина и енергетика, Сеголен Роајал, во објава на социјалните мрежи во врска со затварањето на нуклеарната централа.
Компанијата која управува со нуклеарните енергетски централи (ЕДФ) во Франција, по долгите дискусии за затворање на централата даде условно одобрение, а управниот одбор на ЕДФ, со цел да се избегнат проблемите на полето на енергетската потрошувачка на земјата, побарал старата централа да функционира додека да започне со работа новата централа во Фламанвил.
Франција, која е на прво место во светот во производството на нуклеарна енергија, има 58 нуклеарни реактори. Нуклеарните централи задоволуваат 76 отсто од потребите за електрична енергија во земјата.