Ekipa
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Француските медиуми јавуваат дека уште двајца министри во новата француска влада, против кои би можело да се покрене истрага за корупција, ја напуштаат владата. Претходно, истото го направи и министерката за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за правда, Франсоа Бајро, и министерката за европски односи, Мариел де Сарнез, вчера за француските медиуми изјавија дека ја напушаат владата за да му овозможат на новоизбраниот претседател Емануел Макрон да ја постигне својата цел за „чистење“ на политиката.
Бајро долго време е на чело на малата центристичка партија МОДЕМ, а Де Сарнез беше негова прва соработничка.
Како и поранешната министерка за одбрана, Силви Гулард, која поднесе оставка во вторникот, и тие би можеле да бидат под истрага поради злоупотреба на функцијата.