Esra Taşkın
30 Август 2023•Ажурирај: 31 Август 2023
ПАРИЗ (АА) - Премиерката на Франција, Елизабет Борн, истакна дека одблизу ја следат состојбата во врска со пучот во Габон, пренесува Анадолу.
Борн во своето обраќање на 29. Конференција на амбасадори, одржана во Париз, се осврна на последните случувања во Габон.
Таа рече дека Франција одблизу ја следи состојбата во врска со пучот во Габон.
Според неа, француските амбасадори треба повнимателно да им дадат поддршка на француските граѓани, особено во кризите во странство.
Борн укажа на сериозните кризи, како што се пучот во Нигер, состојбата во Судан и војната меѓу Украина и Русија.
„Комуникацијата стана сериозна битка на меѓународната сцена. Ние мора да ја водиме оваа битка“, додаде француската премиерка.