Ekipa
14 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Франција наесен повторно ќе го врати носачот на авиони „Шарл де Гол" во Персискиот Залив, за да ја засили борбата против припадниците на терористичката организација ДАЕШ и да ги интензивира воените напори за поддршка на ирачката власт којашто се обидува да го преземе Мосул, изјави претседателот на Франција, Оланд, јавува Anadolu Agency (AA
„Мораме да ги напаѓаме и да ги уништиме оние што нас нѐ напаѓаат тука“, рече Оланд непосредно пред националниот празник 14 јули, Ден на падот на Бастилја.
Оланд рече дека нападите што се случија во Париз, во ноември минатата година, за кои одговорноста ја презеде ДАЕШ, биле „искреирани“ во Рака, во Сирија, и во ирачкиот Мосул.
Францускиот нуклеарен носач на авиони „Шарл де Гол" во февруари минатата година ѝ се придружи на меѓународната коалиција предводена од САД, во борбата против терористичката организација ДАЕШ.
Носачот на авиони беше стациониран во Персискиот Залив на ограничен временски период, заради учество во борбите на северот од Ирак и во април се врати во француското пристаниште Тулон.
Станува збор за првиот носач на авиони на нуклеарен погон произведен надвор од САД и е најголемиот воен брод во Западна Европа.