Kasım İleri
14 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претставничкиот дом на САД едногласно ја усвои резолуцијата со која се осудува терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, на 28 јуни, во кој загинаа 45 лица, а повеќе од 200 беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Со забелешка дека бомбашкиот напад носи обележје на ДАЕШ, во текстот на усвоената резолуција стои: „Загубата на невините животи во Истанбул ја засилува нашата заедничка решителност да го победиме ДАЕШ и нивните терористички ограноци, кои претставуваат сѐ поголема закана за меѓународниот мир и стабилност“.
Претставничкиот дом на САД им одаде почест на сите жртви на нападот во Истанбул и го искажа своето најдлабоко сочувство со семејствата на загинатите.
„Ја изразуваме нашата солидарност и стоиме покрај турскиот народ во ова време на национална жалост, подготвени да ја дадеме нашата помош за изведувањето пред лицето на правдата на оние што се вмешани во планирањето и изведбата на овие напади", се наведува во резолуцијата.
На 28 јуни, тројца терористи извршија самоубиствен бомбашки напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, во кој животот го загубија 45 лица, а беа ранети повеќе од 200.