Hajer M'tırı
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) - Неколку лица се повредени во експлозијата што се случи утрово во нуклеарната централа во Фламанвил, во североисточниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека по експлозијата не постои опасност од истекување на нуклеарен материјал.
Локалните медиуми објавија дека експлозијата се случила утрово во 10 часот по локално време во делот на централата каде што се сместени погонските мотори.
Бројни противпожарни екипи и екипите за итна медицинска помош пристигнаа на местото на настанот. Истрагата за случајот е во тек.
Станува збор за нуклеарна централа чии реактори се изградени во 1986 година и 1987 година, а следната година се очекува да се заврши изградбата на третата.