Ayşe Hümeyra Atılgan
09 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Семејството и бракот можат да го намалат ризикот од радикализација на младите луѓе, се вели во извештајот што треба да биде претставен на министерската конференција во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот на Центарот за статистика, економски и социјални истражувања за исламските земји (SESRIC), од Анкара, до кој дојде АА, се темели на претходно истражување за „придонес во напорите ... за зачувување на семејните вредности и на бракот“.
Извештајот е подготвен за учесниците на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржува во Џеда.
Заштитата на семејните вредности и институцијата брак во земјите-членки на ОИК дава слика дека семејството и брачниот живот и вредности во муслиманскиот свет се менуваат во последните децении.
Еден податок вели дека политичката социјализација во детството и адолесценцијата ги прави луѓето помалку ранливи на „пропагандата на новите идеологии“.
Повикувајќи се на студија од 2014 година, направена од страна на Германскиот институт за економски истражувања, во извештајот се истакнува дека децата што не биле подложени на политичко сугерирање од родителите се поподложни да потпаднат под влијание на политичката реторика и пропаганда, вклучително и на насилните идеологии.
„Овие наоди укажуваат на тоа дека политичките функции на семејството и на брачната заедница се особено неопходни за земјите-членки на ОИК, со оглед на распространетоста на политичкиот конфликт, политичкото насилство и опасноста од насилниот екстремизам во овие земји“, се вели во извештајот.
Во него се додава дека студиите во земјите-членки на ОИК ја истакнуваат „потентната улога на семејството во спречувањето на младите од тоа да бидат намамени во одредени екстремистички идеологии и движења“.
Во студијата од 2015 година, на Корпорацијата РАНД, во којашто се испитуваа факторите што доведуваат до тоа младите на Западниот Брег да го отфрлаат насилниот екстремизам, ја истакнува улогата на семејството. Во книгата од 2009 година, „Политички партии и терористилки групи“ (Political Parties and Terrorist Groups), бомбашите-самоубијци имале послаби семејни врски за разлика од другите терористи и се заклучува дека семејните врски ја намалуваат можноста од радикализација.
"Друга студија од 2007 година во Палестина покажа дека поединците што се во брак имаат помала веројатност да учествуваат во тероризам“, се додава во извештајот. Во извештајот се повикуваат политичарите да преземат посериозен пристап кон уникатната улога и местото на семејството во имплементирањето политичка стабилност и во борбата против екстремизмот.
Извештајот на СЕСРИЦ дава бројни препораки во однос на креирањето на политиките, како што се намалување на сиромаштијата и на гладта и помагање на семејствата за ублажување на негативните влијанија од миграцијата.
Тој, исто така, повикува да се почитува балансот работа-семејство, особено за жените, преку шеми како што се флексибилно работно време и промоција на семејните бизниси, како и поддршка на одговорното родителство и помош во менаџирањето со глобалните влијанија врз младите луѓе.