Yusuf Özcan
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Француското Министерство за надворешни работи изрази загриженост во врска со последните случувања во Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Франција е загрижена за големиот број приведени и гоелмиот број загинати“, се наведува во соопштението на министерството.
Се додава дека француските власти внимателно ги следат настаните во таа земја.
Во соопштението се наведува дека слободното собирање на граѓаните е основно право на секое општество.
Во соопштението се додава дека француските официјални претставници во наредните средби со иранските претставници ќе разговараат за протестите и за човековите права во Иран.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешхед протестираа во четвртокот, а протестите брзо добија антивладин карактер и се проширија и во други градови низ земјата.
Според официјалните информации, досега во немирите низ иранските градови загинале најмалку 23 лица, а најмалку 500 демонстранти се приведени.