Michael Hernandez
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) Американскиот претседател Доналд Трамп денес на социјалната мрежа Твитер објави дека САД ги следат масовните демонстрации кои се одвиваат низ главните населени места во Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Жители на Иран конечно дејствуваат против бруталниот и корупциски режим на Иран“, напиша Трамп на Твитер.
„Сите пари кои поранешниот претседател Обама неразумно им ги даде се вложени во тероризам и нивните џепови. Луѓето имаат малку храна, голема инфлација и немаат човекови права. САД Ве набљудува! “, напиша американскиот претседател.
Трамп се осврна на санкциите за ослободување кои беа дадени на Иран како дел од меѓународниот договор со светските сили да го запрат нивниот нуклеарен програм како и исплатата на пари во Иран под администрација на Барак Обама.
Според извештаите на локалните медиуми, илјадници Иранци во четвртокот на улиците од градовите Машад и Кашмар во Иран протестираа против зголемувањето на цените на стоките и управувањето со владата. Оттогаш демонстрациите се проширија низ другите градови, вклучително и во главниот град Техеран.
Најмалку 23 лица загинаа и повеќе од 500 беа притворени во шестдневните демонстрации.
Речиси 400 лица беа притворени, вклучително 200 во Техеран. Други апсења се случија и во областите Арак, Исфахан и Робат Карим и во областа Западен Азербејџан.
Врховниот лидер, ајатолахот Али Каменеи за немирите ги обвини странските сили за кои вели дека се непријатели на Иран.
„Во последните настани, непријателите на Иран се обединија со користење на различни алатки во нивна диспозиција, вклучувајќи пари, оружје, политика и разузнавачки информации, со цел да создадат проблеми за исламскиот систем“, изјави денес Каменеи во коментарите објавени на неговата официјална веб-страница.
„Она што ги спречува непријателите и нивните непријателски дејства е духот на храброста, самопожртвуваноста и верата меѓу луѓето“ .
По повод настаните во Иран Министерството за надворешни работи на Република Турција објави соопштение.
Во соопштението се изразува надеж дека страстите во Иран брзо ќе се смират и дека ќе се воспостави јавен мир, како и дека ќе биде спречена подбуцнувачката реторика и надворешните фактори кои предизвикуваат ескалација на немирите.
Еден ден претходно, Велика Британија побара дијалог за прашањата покренати од иранските демонстранти. Велика Британија внимателно ги следи настаните во Иран.
„Веруваме дека треба да има значајна дебата во врска со легитимните и важна прашања кои протестантите ги поттикнуваат, и бараме од иранските власти да го дозволат тоа“, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон.