Alaattin Doğru
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
АНКАРА (АА) - Франција го повика рускиот амбасадор во Париз, Алексил Мечков, во Министерството за надворешни работи, откако сликите од градот Буча во Украина на социјалните мрежи на Руската амбасада во Париз беа споделени со наслов „Филмски сет“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На твитер-профилот на Руската амбасада во Париз со наслов „Филмски сет, градот Буча“ беа споделени слики од уништен тенк и голем број новинари на уништена улица од украинскиот град Буча.
Клеман Бон, францускиот државен министер за прашања со ЕУ, реагирајќи на објавата, напиша: „Повеќе од срам, престанете!“
Министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, на Твитер напиша: „Поради несоодветната и провокативна објава на Руската амбасада во Франција за страдањата во Буча, решив да го повикам рускиот амбасадор во Министерството за надворешни работи.“
Дриан, исто така, истакна дека ќе продолжат да се борат против руската манипулација со информациите за војната во Украина.
Рускиот амбасадор во Париз, Алексеј Мечков, на 25 март беше повикан во француското Министерство за надворешни работи поради споделување на карикатура на неговиот твитер- профил во која се наведува дека Европа е под влијание на САД.