Anees Suheil Barghouti
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
РАМАЛА (АА) - Фотограф на АА денес е повреден во израелска пукотница додека ги следел судирите меѓу младите Палестинци и израелски сили на Западниот брег, кој е под окупација на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Гумен куршум истрелан од страна на израелски војник го погоди фотографот Исам Римави во рака додека известувал за судиритe во селото Билин, источно од Рамала, јавува дописник на АА од местото на настанот. Римави, според неговите зборови, е одведен во Медицинскиот центар Рамала на лекување.
Напнатоста на палестинските територии е присутна уште од декември минатата година, кога американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го признае Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, со што предизвика осудувања во арапскиот и муслиманскиот свет.
Од тогаш Палестинците на Западниот брег и во блокираниот Појас на Газа протестираат секој петок против контроверзната одлука на САД, што често доведува до судири со израелските сили.