Murat Temizer
16 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Исходот од неколкунеделните истражувања за сите можни сценарија за гасот, доколку Русија одлучи делумно или целосно да го прекине снабдувањето со гас за Европската Унија (ЕУ), покажува дека Европа за зимската сезона е енергетски безбедна, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лајен рече дека за време на висока побарувачка, Рускиот енергетски гигант го ограничи снабдувањето со гас кон Европа.
Порача дека Европа е исто така подготвена доколку руското раководство одлучи енергетското прашање да го користи како оружје.
„Десет години мал опсег на складирање, без продажба на промптниот девизен пазар. Ваквото однесување веќе го наруши кредибилитетот на Русија како доверлив снабдувач на енергија. Ние во моментот разговараме со голем број земји кои се подготвени да го засилат својот извоз на течен природен гас (LNG) кон Европа. Ова резултираше со рекордни испораки на гас во јануари, повеќе од 120 бродови и 10 милијарди кубни метри на течен природен“, рече таа.
Како подготовка за малата испорака од Русија и по анексијата на Крим, ЕУ го зголеми бројот на оперативни терминали за течен природен гас и ја обнови инфраструктурата.
„Ние го зајакнавме нашиот паневропски гасовод и електричната интерконекторска мрежа. И добриот дел е тоа што овие инвестиции во инфраструктурата во иднина ќе бидат столбот на снабдувањето со 'зелен водород'. Во текот на изминатите недели, ние ги разгледавме сите можни сценарија во случај Русија да одлучи делумно или целосно да го прекине снабдувањето со гас кон Европа. И можам да кажам дека нашите модели покажуваат дека сме прилично безбедни оваа зима“, рече Фон дер Лајен.
Таа повтори дека лекцијата научена од кризата е потребата од диверзификација на изворите на енергија со цел да се намали зависноста од рускиот гас.