Selçuk Buğra Gökalp
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Клемент Ноел денес го освои првиот златен медал за Франција во алпско скијање на Олимписките игри во Пекинг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ноел го заврши машкиот слалом со време од 1 минута, 44,09 секунди и го освои своето прво олимписко злато.
Австриецот Јоханес Штролц го освои сребрениот медал со време од 1:44.70 минути, а по него следуваше Себастијан Фос-Солеваг од Норвешка со 1:44.79 минути.
Ноел е трет француски олимписки шампион во слалом за мажи по Жан-Клод Кили во 1968 година и Жан-Пјер Видал во 2002 година.
24-годишниот Ноел, исто така, стана првиот олимписки шампион на Франција во алпско скијање откако Антоан Денеријаз освои злато во спуст за мажи во 2006.