Enes Canlı,Mücahit Aydemir
17 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
КУДС (АА) ‒ Палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала ги прими портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин и заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, според дипломатски извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изворите наведоа дека на средбата се разговарало за односите меѓу Турција и Палестина. Турската делегација ја изрази континуираната поддршка на палестинскиот народ во рамките на дводржавното решение.
Турската делегација се сретна и со палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, со кого разговараше за билатералните односи.
На средбата присуствуваше и турскиот генерален конзул во Кудс (Ерусалим), Ахмет Риза Демирер.
Калин и Онал денеска треба да се сретнат со претставници на израелското Министерство за надворешни работи и Претседателството.
Двајцата високи турски претставници вчера ја започнаа дводневната посета на Палестина и Израел.
Посетата се случува пред очекуваната посета на Турција на израелскиот претседател Исак Херцог во март, како што неодамна најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.