Emel Öz Gözellik
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
МАНИЛА (АА) - Најактивниот и туристички најпривлечниот филипински вулкан Мајон, по минатонеделната ерупција, ослободува големи количества пепел и лава, а локалните власти го зголемија нивото на алармирање од второ до четврто ниво, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за следење на вулканска активност на Филипините соопшти дека вулканскиот пепел и чад се издигнуваат два и пол километри над вулканот, а локалното население е принудено да користи маски.
Ерупцијата на вулканот се случи во средината на минатата недела, а досега од тој регион се евакуирани најмалку 21.000 луѓе.
Вулканската лава се протега на два километри од кратерот од кој излегува, а радиусот од седум километри околу вулканот е прогласен за опасна зона.
Maјон е еден од најактивните вулкани на Филипините, а првата регистрирана ерупција датира од 1616 година.
Најголемата ерупција се случила во 1814 година. Градот Кагсава тогаш беше затрупан со вулканска кал, а животот го загубија најмалку 1.200 луѓе.
Последната трагична вулканска ерупција на Мaјон беше забележана пред пет години, кога животот го загубија пет планинари.