Şerife Çetin
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
БРИСЕЛ (AA) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, рече дека ЕУ ќе вложи повеќе напори за решавање на израелско-палестинскиот проблем, јавува Anadolu Agency (АА).
Говорејќи пред Советот за надворешни односи на ЕУ, кој денес ги собра министрите за надворешни работи на ЕУ, Могерини истакна дека главните точки на агендата на состанокот ќе бидат Либија и Палестина.
Таа рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кои ќе разговараaт за тоа што може да стори ЕУ за продолжување на мировниот процес меѓу Палестина и Израел.
- „ЕУ ќе ги згоеми своите напори за дводржавното решение“ -
„ЕУ ќе ги згоеми своите напори за дводржавното решение“, нагласи Могерини, осврнувајќи се на вонредниот состанок на Ад хок комитетот за врски (AHLC) во Брисел, кој ја координира меѓународната помош за Палестина на иницијатива на ЕУ во оваа рамка.
Могерини истакна дека тие се во близок контакт со Јордан за решавање на израелско-палестинскиот проблем и најави дека во февруари оваа година министрите од Арапската лига би можеле да дојдат во Брисел.
Могерини изјави дека ќе добие информации и од специјалниот претставник на ОН, Гасан Саламе, за актуелната ситуација во Либија.