Dildar Baykan
05 Јуни 2021•Ажурирај: 06 Јуни 2021
ВАШИНГТОН
Раководството на социјалната мрежа Фејсбук и Инстаграм соопшти дека профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе остане блокиран до 7 јануари 2023 година, а Трамп ја нарече таа одлука навреда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп остро ја критикуваше платформата на социјалните мрежи кои му изрекоа двогодишна забрана за пристап.
„Не би смееле неказнето да поминат овие цензури и обиди за замолчување од страна на технолошките компании. Порано или подоцна, ние ќе победиме. Нашата земја веќе нема да може да ја поднесе оваа злоупотреба“, рече Трамп.
Поранешниот американски претседател Трамп и во оваа пригода изнесе тврдење дека претседателските избори во ноември минатата година во САД не биле регуларни и додаде дека новите одлуки на Фејсбук се додатна навреда за 75 милиони Американци што гласале за него.
Трамп во текот на претседателскиот мандат во Белата куќа ги угости основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, и неговата сопруга, а вечерва порача дека нема повеќе да го угости Закерберг кога ќе се врати во Белата куќа.
Фејсбук, Инстаграм, како и Твитер, Снапчат и Јутуб, на почетокот на годината ги блокираа профилите на Трамп поради обвинувањата дека со пораките поттикнувал насилство што ескалирало со напад на Конгресот, во кој на 6 јануари се убиени пет лица.