Adam Abu-bashal
05 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
АБУЏА
Дванаесет земјоделци го загубија својот живот во нападот извршен од страна на вооружени лица во нигериската сојузна држава Замфара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, сè уште неидентификувани вооружени лица извршиле напад врз земјоделците кои работеле на нива во подрачјето на Гусау во Замфара.
Се истакнува дека како резултат на овој напад загинале 12 земјоделци, додека 10 лица се повредени.
Портпаролот на полицијата во Замфара, Мухамад Шеху, сè уште не даде изјава во врска со овој случај.