Fatma Esma Arslan
05 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
ДАКАР
Најмалку 100 цивили загинаа во терористичкиот напад извршен во едно село во северниот дел на Буркина Фасо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција на Буркина Фасо, АИБ (AIB), терористите отвориле оган во околината и кон селаните во селото Јагхга, што се наоѓа во областа Сахел во северниот дел на земјата.
Исто така, напаѓачите ги запалиле и куќите на селаните, како и пазарот.
Во овој терористички напад загинале најмалку 100 лица, а постои загриженост поради можноста за зголемување на бројот на жртви.
Претседателот на Буркина Фасо, Рок Каборе, прогласи тридневна национална жалост.
Инаку, Буркина Фасо од 2015 година е изложена на терористички напади.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), како резултат на нападите врз цивилите и војниците 1,1 милион лица биле принудени да се раселат во земјата.