Erbil Başay
04 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
БЕРЛИН (АА) - Германија побара да се истражат настаните во подрачјето на сириски Мунбич каде што терористичката организација ЈПГ/ПКК отвори оган врз демонстрантите кои протестираа против терористичката организација, при што загинаа најмалку 8 лица, додека десетици лица беа повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Марија Адебахр, одговори на прашањето на новинарот на АА во врска со ставот на германската Влада за застрелувањето и повредувањето на голем број лица како резултат на отворениот оган од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Мунбич врз демонстрантите кои протестираа на улиците против притисоците на кои се изложени.
Адебахр нагласи дека ги знаат вестите кои ги објавиле медиумите на оваа тема, но тврди дека не поседуваат конкретни наоди во врска со протестите.
Таа упати апел до страните во ова подрачје за намалување на тензиите.
„Овие настани треба да се истражат со учество на страните, и сигурно дека треба да се бара отчет од одговорните. Мислам дека се разгледува и такво истражување“, додаде Адебахр.