Burak Bir
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Судија на Федералниот суд во Вашингтон вчера го блокираше потегот на администрацијата на Трамп за забрзување на депортацијата на недокументираните имигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судијката Кетани Браун Џексон ја изрече следната пресуда: „Владините актери кои носат одлуки за политиките во рамки на своите службени капацитети, не смеат да подлегнат под каприците или страстите додека ги креираат правилата; наместо тоа, тие мора внимателно да ги проценат сите релевантни факти и околности и да ги земат предвид повратните информации кои треба да ги побараат од засегнатата јавност.“
Потегот на администрацијата на Трамп минатиот јули доби многу критики поради брзото депортирање на недокументираните имигранти, без да им се даде можност за сослушување пред судија за имиграции.
Вчерашната пресуда на судот беше критикувана од Белата куќа со образложение дека Владата веќе две и пол години се обидува да ги утврди законите за имиграција прифатени од Конгресот - што пониските судови се обидуваат да ги опструираат.