Gültekin Yetgin
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
ГИРЕСУН (АА) - ЃУЛТЕКИН ЈЕТГИН -
Постои цел да се зголеми туристичката вредност на травертините Кузалан формирани од минералните води, и травертините Ѓоксу, коишто се планира да се развијат преку нов проект, а овие травертини се наоѓаат во турскиот град Гиресун.
Исто така, овие травертини кои се наоѓаат во подрачјето на Дерели во овој град, постои цел да се претворат во туристички бренд. Оваа група травертини кои се наоѓаат во Природниот парк „Кузалан“, ги изненадува посетителите поради тоа што се наоѓаат скриени во шумата.

Исто така, привлекуваат внимание и травертините Ѓоксу, кои се наоѓаат на далечина од околу 4 километри од овој природен парк. Со цел травертините што се наоѓаат во ова место да се вклучат во туризмот, подготвен е Проектот за травертини во Ѓоксу од страна на Специјалната градска управа во Гиресун. Во рамки на овој проект, во ова место ќе се формираат базени слични како во Памуккале, кои ќе чинат околу 1 милион лири.
Гувернерот на Гиресун, Харун Сарифакиоглу, во изјава за Anadolu Agency (AA) истакна дека травертините Ѓоксу и Кузалан се многу значајни вредности во ова подрачје, кои се формирани од водата со минерали.
Сарифакиоглу информираше дека во рамки на границите на Природниот парк „Кузалан“ се наоѓаат бројни травертини, и дека покрај Кузалан, важни се и травертините Ѓоксу.
Тој говореше и за Проектот за травертини во Ѓоксу.
„Во травертините Ѓоксу ќе формираме околу 30 мали базени. Тоа ќе го направиме без да ја оштетиме природата и оригиналното ткиво. Со овој проект во Ѓоксу, во градот ќе имаме втора дестинација за травертини“, рече тој, додавајќи дека наскоро ќе започнат работите на овој проект, кој е поддржан од Агенцијата за развој на Источното Црно Море.
Според него, се планира проектот да заврши за 2 години, со што, како што рече тој, ќе се даде значаен придонес во регионалниот туризам.
Тој нагласи дека посетителите што ќе дојдат тука ќе имаат прилика да видат различни травертини и водопади.