Zehra Nur Düz
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени ги погоди утринава Филипините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека во 10:02 часот по локално време (0202GMT) источните делови на земјата се погодени од земјотрес. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 124 километри од источниот брег недалеку од Хозе Абад Сантос во покраината Западен Давао.
Сѐ уште не се пријавени жртви или материјална штета.
Институтот соопшти дека се очекуваат нови последователни потреси.