свет

Билансот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 30 лица

Меѓу загинатите има и 3 деца, додека 156 лица се повредени

Mahmut Atanur  | 29.09.2019 - Обновена : 30.09.2019
Билансот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 30 лица Фото: АА/Архива

ЏAKАРТА (АА) - Бројот на загинати во земјотресот што ја погоди покраината Малуку во Индонезија во четвртокот, се зголеми на 30 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни состојби на Индонезија (BNPB), Агус Вибово, изјави дека во текот на операциите за пребарување и спасување на подрачјето на Амбон и околината се извлечени тела на нови настрадани, со што бројот на загинати се зголеми на 30.

Вибово рече дека меѓу загинатите има и 3 деца, додека 156 лица се повредени.

Тој нагласи дека поради земјотресот во сила е вонредна состојба до 9 октомври.

Локални извори соопштија дека за 25.000 луѓе, кои поради земјотресот останаа без покрив над главата, пронајдено е привремено сместување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın