Mohamed Sabry Emam Muhammed
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
РИЈАД (АА) - Убиен е личниот телохранител на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната телевизија „Ал Екбарија“ објави дека генерал-мајор Абдулазиз ал Фагам бил застрелан за време на расправија во Џеда.
„Портпаролот на полицијата во покраината Мека го потврди убиството, велејќи дека телохранителот е застрелан од лице по вербална расправија во домот на свој пријател“, јави државната саудиска новинска агенција СПА (SPA).
„Вооруженото лице е застрелано од безбедносните сили, откако одбило да се предаде“, изјави портпаролот.
Во инцидентот се повредени и петмина припадници на безбедносните сили.
Генерал-мајор Абдулазиз ал Фагам бил и личен телохранител на кралот Абдула, кој почина во 2015 година.