Selman Aksünger
12 Мај 2023•Ажурирај: 18 Мај 2023
ХАГ (АА) - Во операцијата спроведена од безбедносните сили на Србија, Холандија и Белгија во координација со Европол, приведени се 23 припадници на криминална организација и разбиена е најголемата мрежа која врши трговија со наркотици на Балканот, пренесува Анадолу.
Според писменото соопштение на Европол, фатени се 23 осомничени кои се членови на организацијата што се опишува како „најголема мрежа која врши трговија со наркотици на Балканот“, од кои 13 се приведени во Србија, 7 во Белгија, и 3 во Холандија и Перу.
Во рамки на операцијата, запленети се 3 милиони евра и 15 луксузни возила во вкупна вредност од 2 милиони евра. Исто така, како резултат на операцијата пронајдени се и голем број оружја, експлозиви и муниција.
Во соопштението се наведува дека оваа мрежа во 2020 година преку пристаништата во Европа шверцувала најмалку 7 тони наркотици.
Челникот на организацијата фатен во Белград од безбедносните сили на Србија, бил најголемиот шверцер со наркотици во западниот дел на Балканот.