свет

Уште два брода со над 70.000 тони жито тргнаа од Украина

„Ocean Lion“ под либерско знаме, кој носи 64.720 тони пченка кон Јужна Кореја како дел од испораката на жито, и „Rahmi Yagci“ под турско знаме кој носи 5.300 тони сончоглед во Истанбул, го напуштија Черноморск ова утро

Beyza Binnur Dönmez  | 09.08.2022 - Обновена : 10.08.2022
Уште два брода со над 70.000 тони жито тргнаа од Украина

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије денес соопшти дека уште два брода кои пренесуваат над 70.000 тони жито го напуштиле украинското пристаниште Черноморск, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ocean Lion“ под либерско знаме, кој носи 64.720 тони пченка кон Јужна Кореја како дел од испораката на жито, и „Rahmi Yagci“ под турско знаме кој носи 5.300 тони сончоглед во Истанбул, го напуштија Черноморск ова утро, истакна Министерството

Се додава дека на четирите брода кои синоќа се закотвија во близина на пристаништето Ахиркапи во Истанбул исто така ќе им биде извршена инспекција во наредните часови.

На 22 јули, Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор за повторно отворање на три украински пристаништа - Одеса, Черноморск и Јужни - за испорака на жито која со месеци беше блокирана поради тековната војна помеѓу Русија и Украина, која трае веќе шести месец.

Тимот на Заедничкиот координативен центар во Истанбул, составен од претставници од сите четири страни, врши инспекција на секој брод пред да замине кон неговата дестинација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın