Mohammed Majed,Ekrem Biçeroğlu
26 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Уште 12 шлепери со помош преку граничниот премин Рафах влегоа во Појасот Газа, кој е под израелско бомбардирање, јавува Анадолу.
Информацијата за АА ја потврди Ваил Еви Мухсин, директор на прес-службата на граничниот премин Рафах.
Ебу Мухсин нагласи дека 12 шлепери со помош што влегле во Газа носат вода, храна и лекови.
Тој рече дека со последниот конвој бројот на шлепери што од 7 октомври, кога започнаа израелските напади на Газа, досега влегле во Појасот Газа се зголеми на 74.