свет, Коронавирус

Катар испрати две теренски болници во Италија

Станува збор за теренски болници со површина од 5.200 и 4.000 квадратни метри, кои имаат капацитети до 1.000 кревети, а двете се опремени со своја опрема потребна за лекување на заболените од Ковид-19

Jeyhun Aliyev  | 08.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Катар испрати две теренски болници во Италија

ДОХА (АА) - Властите на Катар испратија две теренски болници во Италија за да ѝ помогнат на оваа земја во борбата против ширењето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Катар ја реализираше помошта по наредба на емирот на таа заливска земја, шеик Тамим бин Хамад ал Тани.

Од Катар веќе полетаа два товарни авиона на компанијата „Катар ервејс“ и се очекува нивното слетување во Италија.

Станува збор за теренски болници со површина од 5.200 и 4.000 квадратни метри, кои имаат капацитети до 1.000 кревети, а двете се опремени со своја опрема потребна за лекување на заболените од Ковид-19.

Катарската новинска агенција јавува дека од Катар во Италија утре ќе биде пратен и втор контигент со помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın