свет

Употребата на пластичните кеси во Германија од 2022 година ќе биде забранета

Откако од 2015 година почнаа пластичните кеси да се наплаќаат, во Германија употребата на кеси се намали за 64 проценти

Cüneyt Karadağ  | 27.11.2020 - Обновена : 29.11.2020
Употребата на пластичните кеси во Германија од 2022 година ќе биде забранета

БЕРЛИН (АА) – Во Германија од јануари 2022 година употребата на пластичните кеси ќе биде забранета, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Законот усвоен во Федералното собрание, во опсегот на забраната се вклучени пластичните кеси со дебелина од 15 до 50 микрометри, додека тенките пластични кеси, кои се употребуваат во деловите за храна во маркетите, остануваат во употреба.

Министерката за животна средина на Германија, Свенја Шулце, истакна дека наместо пластичните кеси, корпите за шопинг и торбичките од текстил, кои може да се перат, се добри алтернативи.

Светскиот фонд за природа (WWF) истакна дека забраната на пластичните кеси има симболично значење. Светскиот фонд за природа додава дека пластичните кеси што се користат при шопинг во Германија сочинуваат само еден процент од пластиката која се употребува и дека употребата на пластиката треба да се намали во сите области.

Откако од 2015 година почнаа пластичните кеси да се наплаќаат, во Германија употребата на кеси се намали за 64 проценти.

Според истражувањата во земјата, едно лице годишно користи 24 пластични кеси. Пластиката во вода може да исчезне за 400 години, додека во земја за 800 години.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.