Ikrame Imane Kouachi
20 Јули 2025•Ажурирај: 28 Јули 2025
АНКАРА (АА) - Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денес повторно ги обвини израелските власти дека го користат изгладнувањето како оружје во војната против палестинското цивилно население во Газа, известува Анадолу.
Во соопштението објавено на социјалната мрежа X, УНРВА наведе:
„Израелските власти ги изгладнуваат цивилите во Газа. Меѓу нив има 1 милион деца“.
УНРВА го обнови својот итен повик за укинување на тековната опсада на Израел врз Појасот Газа, велејќи:
„Укинете ја опсадата: дозволете ѝ на УНРВА да донесе храна и лекови“.
И покрај меѓународните законски обврски за заштита на цивилите и дозволување на испорака на помош, Израел спроведува целосна опсада на Газа од 2 март, бомбардирајќи конвои, блокирајќи гранични премини и таргетирајќи точки за дистрибуција на хуманитарна помош - дејствија кои се широко осудени како облик на колективна казна и потенцијални воени злосторства.
Според Министерството за здравство на Газа, десетици деца веќе починале од глад и дехидрација, додека стотици илјади други се во опасност поради широко распространетата несигурност во храната и колапсот на здравствените услуги.
Само во текот на вчерашниот ден, во израелските напади се убиени најмалку 136 Палестинци, вклучувајќи 38 лица кои чекале помош, и три деца кои починале од тешка неисхранетост, објавија официјални палестински извори.
Израел во Газа уби речиси 59.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година. Немилосрдното бомбардирање со кое ја уништи енклавата и целосната блокада на палестинската енклава, Израел речиси го урна здравствениот систем во Газа и предизвика населението да се соочи со глад.