свет

Продолжуваат судирите во Сувејда, а сириските безбедносни сили се распоредуваат за спроведување на прекинот на огнот

- Безбедносните единици веќе го започнаа своето распоредување во и околу јужната покраина за да ги спроведат условите за прекин на огнот

Ikrame Imane Kouachi  | 19.07.2025 - Обновена : 19.07.2025
Продолжуваат судирите во Сувејда, а сириските безбедносни сили се распоредуваат за спроведување на прекинот на огнот

АНКАРА (АА) - Вооружените судири меѓу бедуинските племенски борци и локалните вооружени групи Друзи продолжија денес во Сувејда, Сирија, дури и додека внатрешните безбедносни сили се распоредуваат низ покраината за да го спроведат договорот за прекин на огнот на национално ниво, известува Анадолу.

Според сириската државната новинска агенција САНА, безбедносните единици веќе го започнале своето распоредување во и околу Сувејда за да ги спроведат условите за прекин на огнот и да помогнат во стабилизирањето на ситуацијата.

Сепак, интензивните борби продолжуваат да се водат во делови на покраината, соопшти САНА.

Претходно денес, сириското претседателство објави сеопфатен и итен прекин на огнот по немирните деновите во јужната покраина.

На 13 јули избувнаа судири меѓу бедуинските арапски племиња и вооружените групи Друзи во Сувејда.

Насилството ескалираше и следеа израелски воздушни напади, вклучително и врз сириските воени позиции и инфраструктура во главниот град Дамаск.

Израел како изговор за своите напади на сириската територија ја наведе потребата од заштита на заедницата Друзи.

Со бегството на Башар ал-Асад во Русија во декември 2024 година, заврши граѓанската војна во Сирија и беше ставен крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Нова преодна администрација на Сирија предводена од претседателот Ахмад ал Шара беше формирана во јануари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın