Hacer Başer
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
АДЕН (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека 10 милиони деца во Јемен имаат потреба од итна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од канцеларијата на УНИЦЕФ во Јемен, кое беше објавено на социјалните мрежи, се наведува дека децата во Јемен имаат потреба од основна медицинска грижа, чиста вода за пиење, заштита и образование.
Според ова соопштение, десет милиони деца во земјата имаат потреба од итна помош. Исто така, се истакнува дека УНИЦЕФ непрекинато продолжува со работите со локалните и меѓународните организации во различни градови на Јемен, со цел да се понуди помош за повеќе деца.
Веќе две години во Јемен траат судирите меѓу Хусите и поддржувачите на поранешниот претседател, Али Абдула Салих, од една страна, и легитимните владини сили од друга страна.
Јеменците имаат сериозни тешкотии во областа на здравството поради судирите и сиромаштијата, а во последниот период се борат против епидемијата на колера.