Mehmet Yılmaz
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто пружи поддршка на Турција, и изјави дека таа земја има право на контакт со своите граѓани надвор од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Сијарто зборуваше на прес конференцијата во Будимпешта за договорот помеѓу ЕУ и Турција по прашање бегалците, и за загрозеноста на овој договор.
Тој изрази и жалење поради дипломатската криза помеѓу Турција и Холандија и порача дека е сосема нормално Турција да има контакт со своите граѓани кои живеат во странство.
„Ние многу добро го разбираме тоа прашање, бидејќи голем број на Унгарци живеат надвор од границите на Унгарија. Во таа смисла, го сметаме многу природно тоа што нашите официјални претставници и владата одржуваат контакти со нашите граѓани надвор. Тоа е многу необично и жално двете земји членки на НАТО да имаат проблем од ваква природа” , порача министерот Сијарто.
Тој додаде дека ЕУ, по постигнатиот договор со Турција во врска со бегалците, многу често изнесувала критики на сметка на Турција, за кое рече дека е голема грешка
„Откако е потпишан договорот европските лидери практично влегоа во трката кој погласно ќе го критикува претседателот Реџеп Таип Ердоган и владата на оваа земја. Тоа е голема грешка", изјави Сијарто.
Тој нагласи дека ЕУ треба да се придржува до ветувањата кои ги дала во договорот, и додаде: „Европската комисија ја лажеше Турција во врска со бегалците и безвизниот режим. Нема вина на Турција по ова прашање, за тоа е виновен Брисел. Генерално визната политика на ЕУ не е од доверба. Украина и Грузија ги исполнија своите услови, но сеуште немаат безвизен режим” , изјави министерот Сијарто.
Тој додаде дека Унгарија постапила правило по прашањето поставување на жици на својата граница.
„Доколку повторно се соочиме со илјадници бегалци на нашата граница, ЕУ нема да може да стори ништо, како ни минатата година”, изјави унгарскиот министер.