İnci Gündağ
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
ЛОНДОН (АА) – Нацрт – законот со кој официјално ќе стапи на сила членот 50 и ќе започне процесот на излегување на Велика Британија (Брегзит) од Европската Унија (ЕУ) е озаконет со одобрување од страна на кралицата, јавува Anadolu Agency (AA)
Со стапувањето во сила на законот, британската влада се здоби со право да го стави во сила членот 50, со кој се регулира процесот на излегување на државите-членки од Унијата според Лисабонскиот договор, како и со право да ги започне преговорите со Брисел.
Владата има за цел да го стави во сила членот 50 пред крајот на месец март. Меѓутоа, ваквата објава се очекува да дојде по самитот кој ќе се одржи на 25. март по повод 60-годишнината од Римскиот договор за формирањето на ЕУ.
Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, пред два дена во својата изјава во парламентот, потврди дека владата ќе продолжи да се движи во рамките на планот за Брегзит, чиишто детали претходно беа најавени и повтори оти пред крајот на овој месец, ќе стапи на сила членот 50 од Лисабонскиот договор.
Процесот на преговори ќе започне по обработувањето на наведениот член, а Велика Британија ќе излезе од ЕУ во рок од две години.
Обединетото Кралство, кое се состои од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, минатата година одржа референдум на кој 52 отсто од гласачите го дадоа својот глас за Брегзит.