Ruslan Rehimov
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинските вооружени сили соопшти дека од почетокот на војната досега се убиени речиси 22.400 руски војници, а уништени се 185 авиони, 155 хеликоптери и 939 тенка на Руската армија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Русија започна напад врз Украина на 24 февруари, а во соопштението на Генералштабот на Украинската армија се наведува дека нејзините сили ѝ нанеле големи загуби на Руската армија.
Во соопштението се наведува дека само во изминатите 24 часа Русија загубила уште 300 војници вклучени во нападите на Украина.
Исто така, се наведува дека украинските сили убиле речиси 22.400 руски војници од почетокот на војната и уништиле 185 руски воени авиони, 155 хеликоптери, 939 тенка, 2.342 оклопни возила, 421 топ, 149 ракетни системи и 71 противвоздушен систем.
Киев, исто така, тврди дека Руската армија изгубила 1.666 возила од различни намени, 8 брода и лесни чамци, 76 тенка и 207 беспилотни летала во Украина.
Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија на 25 март објави дека во војната во Украина загинале 1.351 руски војник, а оттогаш нема нови руски извештаи од овој вид.