Dmitri Chirciu
04 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
КИЕВ/МОСКВА (АА) - Руски и украински безбедносни експерти не се согласија околу прашањето дали Русија подготвува нова воена операција во источна Украина.
Додека украинските експерти тврдат дека Русија го турка Западот на компромис, руските експерти тврдат дека можно е Москва да започне нова операција во подрачјето на Донбас.
Михалио Самус, заменик-директор на Украинскиот центар за армиски студии, конверзија и разоружување, ја опиша неодамнешната зголемена руска воена активност по должината на украинско-руската граница како информативна и психолошка војна за вршење притисок врз Украина, Франција, Германија и САД и за извлекување комерцијални концесии, особено гасоводот за природен гас „Северен тек-2“.
Истакнувајќи дека другата цел на руската воена активност е политичка игра во предвечерието на претстојните парламентарни избори во Русија, Самус рече: „Москва нема причина да започне таков напад бидејќи можните резултати од тоа се непредвидливи. Оттука, промената на руската воена операција не е повеќе од она што беше минатата година.“
Денис Москалик од украинскиот Национален институт за стратешки студии за Агенција Анадолија (АА) изјави дека во принцип е можен голем вооружен конфликт, но дека таков конфликт не се очекува во блиска иднина.
Согласувајќи се со Самус дека моменталните чекори на Русија имаат за цел да ја притиснат украинската и американската администрација и да ја тестираат нивната решителност, Москалик рече: „Русија може да предизвика некои помали вооружени судири за да добие предност на преговарачката маса и да ги види границите на поддршка [на американскиот претседател Бајден] за Украина.“
Од друга страна, Виктор Литовкин, висок руски безбедносен експерт, истакна дека Русија нема да остане мирна доколку Украина започне воена операција во Донбас.
„Поголемиот дел од жителите што живеат во Донбас се руски државјани. Така што Русија може да интервенира за да ги заштити сопствените граѓани. Уште повеќе, Русија може да го нападне агресорот [Украина].“
- Тензии на украинско-руската граница -
На 30 март, Руслан Хомчак, врховен командант на Украинските вооружени сили, изјави дека Русија распоредила своја војска во близина на украинската граница заради „вежби“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека Русија ги преместува своите вооружени сили на нејзина територија „според сопственото право“ и дека „тоа не претставува никаква закана за никого“.
Руските сили влегоа на украинскиот полуостров Крим во февруари 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин следниот месец формално го подели регионот на два одделни федерални субјекти на Руската Федерација.
Турција и САД, како и Генералното собрание на ОН, ја сметаат анексијата за нелегална, исто и ЕУ, која воведе санкции кон Русија поради тоа.