Ruslan Rehimov
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите кои руската војска ги изврши во Украина загинаа 167 деца, а 279 деца се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Главното обвинителство на Украина.
Во ова соопштение се вели дека како резултат на бомбардирањата на руската војска се оштетени 927 образовни установи, од кои 83 се целосно уништени.
Во соопштението се наведува дека од 24 февруари, кога започнаа руските напади, досега, животот го загубија 167 деца, а 279 деца се повредени.